Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со двајца претставници на ЕП во атлетика

/

пред 1512 дена

Сподели преку :

Денеска во Минхен почнува Европското првенство во атлетика на кое ќе настапат двајца македонски репрезентативци.

Дрита Ислами ќе биде дел од квалификациите на 400 метри со пречки додека Дарио Ивановски ќе настапи во маратонската трка.

Ивановски ќе настапи уште денеска додека квалификациите на 400 метри со пречки на програмата се на 17 август.

На првиот ден од континенталниот шампионат ќе се поделат пет комплети на медали. Покрај во маратонската трка денеска ќе бидат познати освојувачите на трофеите во фрлање ѓуле во машка и женска конкуренција во женскиот маратон и во трката на 10.000 метри за дамите.

ФОТО: Игор Паневски