Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РКЕ: Поскапуваат бензините, цената на дизелот не се менува

/

пред 1524 дена

Сподели преку :

Од ноќеска на полноќ нов ценовник на бензиските станици. Со последната одлука на РКЕ се врши корекција на цените на бензините. ЕУРОСУПЕР БС 95 поскапува за половина денар додека ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде поскап за еден денар.

Цената на дизелот останува непроменета.

Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 %.