Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочанските оризопроизводители повторно со блокада на патот Штип-Кочани

/

пред 1523 дена

Сподели преку :

Повисока откупна цена на оризовата арпа и на белиот ориз, да се формира производствена цена пред стартот на жетвата и средба со премиерот Ковачевски и ресорниот министер Николовски, ова се барањата, кои денеска од протестот на патот Штип-Кочани, кај селото Облешево ги испорачаа кочанските оризопроизводители. Порачаа дека пропаѓаат во долгови, а немаат да ги платат ниту пензинското, ниту здравственото осигурување.

„Македонскиот аграр е во банкрот“, „Граѓаните ќе ни останат гладни“, вакви пораки испратија  тутунаратите, пчеларите и лозарите, кои им дадоа поддршка на оризопроизводителите. Револтирани се што и цената на нивните производи е ниска.

Кочанските оризопроизводители ја блокираа едната коловозна лента на патот Штип-Кочани. Годинава оризот е засеан на 4.500 хектари, а се очекуваат околу 22.000 тони оризова арпа.

Викторија Димитрова Јованова