Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ислами последна во квалификациите на 400 метри со пречки

/

пред 1510 дена

Сподели преку :

Дрита Ислами не успеа да ги мине квалификациите во трката на 400 метри со пречки на Европското првенство во атлетика што се одржува во Минхен. Таа во вкупниот редослед го освои последното место.

Ислами на целта пристигна со време од 1 минута 1 секунда и 56 стотинки и беше убедливо на последната позиција.

Најдоброто време во квалификациите го забележа Каролина Крафзик која имаше постигнување од 54 секунди и 32 стоти дела од секундата.

Во вечерниот дел од програмата ќе се одржат шест финални дисциплини. Кај дамите медали ќе се поделат во скок со стап, фрлање ѓуле и во трката на 400 метри додека во машка конкуренција покрај битката за медали во истата дисциплина ќе се одржат и финалните натпреварувања во трискок и на 110 метри со пречки.

ФОТО: Игор Паневски