Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗС информира за 277 одобренија за градење издадени во јуни – од 550 планирани станови 388 се во Скопје

/

пред 1510 дена

Сподели преку :

Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.691.127.000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопскиот регион се издадени 73 одобренија, од кои најмногу во Илинден (24), во Карпош (16), Аеродром и Петровец по шест, Кисела Вода и Бутел.

Предвидена е изградба на 550 станови со вкупна корисна површина од 40.493 метри квадратни.

Најголем дел од становите, 388, ќе се градат во Скопскиот регион, а од вкупната бројка, 215 се во Аеродром, 84 во Кисела Вода, 26 во Петровец. Во Битола се планирани 78, а во Струга 26.

Од вкупниот број  издадени одобренија за градење, 132 (47,7  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција.

Од 277 објекти, на 147 (53,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.