Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Македонија ЃП убедлива против Победа

/

пред 1510 дена

Сподели преку :

Во првиот натпревар од 3. коло во домашниот фудбалски шампионат, Македонија ЃП триумфираше над Победа со 4:1.

Серијата голови ја отвори Сефер Емини уште во шестата минута. Во 18-тата, Адте Мазари израмни на 1:1.

До крајот на првиот дел домаќините уште два пати ја погодија мрежата на Прилепчани.

Во 34-тата Кристијан Стојкоски и донесе предност на Македонија ЃП од 2:1, а шест минути подоцна Емини повторно се запиша во листата на стрелците за водство од 3:1.

До крајот на натпреварот домаќините уште еднаш го совладаа противничкиот голман, а погодокот во 79-тата минута беше дело на Мена Перез.

ФОТО: Игор Паневски