Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО/ВИДЕО: Пожар на електрична инсталација на печката во УСЈЕ, пожарникарите интервенирале

/

пред 1523 дена

Сподели преку :

Околу пладне е забележан густ чад на врвот на високата ротациона печка на УСЈЕ. Повеќе граѓани го пријавиле пожарот.

На лице место интервенирале три возила на скопската противпожарна бригада.

-Станува збор за пожар на електрична мрежа и на кабли за довод на струја во ротационата печка на УСЈЕ за производство на цемент. Пожарот е локализиран, но се продолжува со негово набљудување поради високата температура на каблите. Чадот кој го виделе граѓаните на врвот на пешката се пробил низ тунелот за вентилација. Нема повредени и не биле зафатени материјалите за производство, печката или оџаците, изјави за Телма Здравко Томески, командант на скопската противпожарна бригада.

Ќе се врши увид и ќе се истражува како избувнал пожарот кој се гледаше од Кисела Вода и од Аеродром.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)