Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бањаја најбрз во Австрија, триумф за историја на Дукати

/

пред 1506 дена

Сподели преку :

Италијанецот, Франческо Бањаја го освои првото место на Големата награда на Австрија. Тој со денешната победа влезе во историјата на тимот на Дукати како втор мотоциклист кој успеал да забележи три последователни триумфи и му се приклучи на легендарниот Кејси Стонер кој подвигот го забележа во 2007 и 2008 година.

Бањаја на целта мина со скоро половина секунда предност во однос на Фабио Куартараро додека трет беше неговиот тимски колега Џек Милер.

Во генералниот пласман на чело и натаму е Куартараро со 200 бода, 32 повеќе од Алеиш Еспаргаро, а трет е денешниот победник Бањаја со 156.

Светскиот шампионат во Мото ГП продолжува за две недели со трката за Големата награда на Сан Марино што ќе се вози на патеката Мизано.