Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шампионите со најголеми шанси да ги одбранат титулите

/

пред 1508 дена

Сподели преку :

Меѓународниот институт за фудбалски истражувања од Швајцарија во најновата анализа ги одреди најголемите фаворити за освојување на шампионските титули во новата сезона. Според прогнозите во петте најсилни лиги во Европа, четири од пет клуба ќе ја одбранат титулата во својата земја.

Најголеми шанси за повторно освојување на трофејот во Англија има Манчестер Сити пред Ливерпул, Челзи, Тотенхем и Арсенал.

Во Германија, Баерн е неприкосновен во трката и има голема предност во однос на Борусија Дортмунд, Лајпциг, Баер Леверкузен и Фрајбург додека во Шпанија, најголеми шанси имаат градските ривали Реал и Атлетико Мадрид, а трета е Барселона. Меѓу петте најсериозни кандидати се уште Севилја и Реал Сосиедад.

Во Франција без поголема конкуренција е Пари Сен Жермен, а следуваат Монако, Олимпик Марсеј, Лион и Ред додека во Италија предност во однос на актуелниот шампион Милан има градскиот ривал Интер, Наполи е трет додека зад водечката тројка се Јувентус и Аталанта, а на шестата и седмата позиција се Рома и Лацио.