Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прекоманда за Ѓорговски и Стоилевски во Е. Пелистер

/

пред 1504 дена

Сподели преку :

Тренерот на Еурфарм Пелистер, Ларс Валтер реши двајцата талентирани играчи Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски од вториот состав на Битолчани да бидат дел од првиот тим.

Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата. Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.

Двајцата ракометари ќе бидат пријавени и за настап во домашното првенство и Купот како и за мечевите во СЕХА лигата и ЕХФ Лигата на Европа.

ФОТО: Еурофарм Пелистер