Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Копач: Владата да го реши спорот со ГА-МА

/

пред 2214 дена

Сподели преку :

Нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас, вели во  интервју за МИА, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач .

„Посуштинско прашање е сѐ уште нераздвоенииот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас. Додека реформите во секторот електрична енергија се напреднати, нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас. Ова спречува раздвојување на преносниот операторот и ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција“.

Копач објаснува дека “Решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка. Спорот помеѓу Владата и Макпетрол беше решен во Центарот за решавање спорови на Енергетската заедница и очекуваме Владата да го спроведе постигнатиот договор што е можно поскоро“, вели Копач.