Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На македонската економија и се заканува економско цунами кое може да ја уништи, предупредува бизнисот

/

пред 1513 дена

Сподели преку :

Да се ограничи маржата на трговците со струја, бараат од бизнис секторот.

Тие ја купуваат електричната енергија од ЕСМ по цени  од 200, 300 евра,  а потоа на компаниите им ја продаваат по берзански цени кои надминаа и 700-тини  евра.

Бараат и ЕСМ да го зголеми производствиото и да понуди поголеми количини од својата струја на отворен пазар.

Бизнис секторот  во борба за опстанок поради виските трошоци за струја, секојдневно испорачува предлози до властите.

Алармираат, ако државата веднаш не  им помогне,  македонската економија ќе се соочи со енергетско цунами.

Бизнисот смета дека по сите апели,  крајно време е државата да ги упрости и процедурите  за инвестиции во фотоволтаици.

Сметаат  дека треба да се укине и ДДВ – то за  фотоволтаици  и за опремата  за монтажа.

Министерот Бектеши без конкретно да одговори дали барањата на бизнисот се  прифатливи, посочи дека најголем дел до стопанството над 70 илјади  компании, струјата ја добиваат од ЕСМ по цени многу пониски од берзанските.

Стопанственциите веќе подолго време апелираат до властите дека е им е потребна помош, затоа што нивните сметки за струја  се зголемени за неколку пати. Фирмите се неконкуретни и ќе бидат принудени да затворат и да ги отпуштат вработените.

Ирена Чачкова