Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски тврди дека ЕЛЕМ и ЕСМ ги оштетиле граѓаните за 22 мил. денари со продажба на ноќни вишоци струја – ЕСМ му одговори дека цените ги одредува побарувачката

/

пред 1512 дена

Сподели преку :

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на Фејсбук денеска објави пресметка во која заклучува дека само за седум дена ЕЛЕМ и ЕСМ ги оштетиле граѓаните за 22 милиони денари преку продажбата на ноќните вишоци на струја.

Од ЕСМ му одговорија дека ноќните вишоци се продаваат на аукција, а цените ги формира побарувачката во конкретниот период.

За периодот од 20-26 август продадени се 1.750 мегават/часови по цена од 303 евра за мегават/час, за што понуди дале четири понудувачи, а избрана е највисоката понуда.

На аукциите, велат од ЕСМ, за ноќни вишоци енергија од два до седум часот може да се пријави секој субјект кој е на слободниот пазар: трговци, стопански субјекти, државни институции итн.