Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наполи ги постави условите за евентуален трансфер на Кристијано Роналдо

/

пред 1502 дена

Сподели преку :

Менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш ги продолжи преговорите со Наполи околу реализацијата на трансферот на неговиот клиент.

Во разговорите Мендеш се понудил да учествува во продажбата на Виктор Осимен во Манчестер Јунајтед бидејќи тоа е единствениот начин како да се отвори место за Кристијано Роналдо во составот на Лучијано Спалети.

Меѓутоа во преговорите Наполи ги поставил условите под кои може да се реализира целата зделка. Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис за репрезентативецот на Нигерија бара обештетување од 130 милиони евра, а Манчестер Јунајтед са покрие 80% од платата на Португалецот.

Дополнителен услов е и клубот од Олд Трафорд да ги покрие сите трошоци од реализацијата на трансферот.

И покрај фактот што тренерот на Наполи, Спалети изјави дека би сакал во составот да го има еден од најдобрите фудбалери на светот, сепак според условите што ги постави неговиот клуб тешко дека тој ќе може да го има на располагање во текот на оваа сезона.

ФОТО: Игор Паневски