Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јакимовски: Важна победа во битката за првото место

/

пред 1499 дена

Сподели преку :

Кошаркарската репрезентација на Македонија успешно го заврши првиот дел од претквалификациите за Европското првенство. Во втората рунда совладана е Словачка и по две одиграни рунди имаме максимален учинок.

“Мислам дека на почетокот немавме доволно добра комуникација, особено во одбраната. После советите од стручниот тим, на полувремето, ја сменивме и одбраната. Играв на позиција ‘4’, тоа делуваше доста добро во одредени моменти од натпреварот.

Освен тоа дополнителни проблеми ни зададе нивниот висок процент на реализација. Особено во шутот од далечина. И играчи кои не важат како шутери, успеваа да погодуваат. Во одреден период од мечот, мислам дека имаа дури и 60% на реализација.

На крајот, некако успеавме да ја изнесеме победата, и да ја оствариме првичната цел, во август да имаме две победи. Во финишот, кога требаше, погодувавме и јас и Нено и Војдан, дојдовме до она што го баравме во поголем дел од средбата. Поведовме, а кога веќе стигнавме до драгоцената предност, не ја испуштивме. Дојдовме до уште една многу битна победа, која ни дава можности да завршиме како први, и да одиме понатаму во евро-квалификациите”, рече Андреј Јакимовски кој беше еден од клучните играчи за пресвртот против Словаците.

ФОТО: Игор Паневски