Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Трет пораз за одбојкарките на ЕП во Скопје

/

пред 1496 дена

Сподели преку :

Македонската женска репрезентација го забележа и третиот пораз на Европското првенство за одбојкарки до 19 години што се одржува во Скопје.

Овој пат нашиот состав е совладан од Грција со 3:0, но во сите три сета нашите надежи покажаа дека со добра работа оваа генерација може да напредува.

Во овој дуел одбојкарките освоија 53 поени, најмногу во досегашниот тек на шампионатот, а во дуелот со Грција на моменти имавме и предност, но поради неискуството од настапи на меѓународната сцена не успеавме да стигнеме и до освојување на првиот сет.

ФОТО: Игор Паневски