Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екологистите против изградбата на нов станбен блок на местото на поранешен Шик Јелак во Тетово

/

пред 2213 дена

Сподели преку :

Најавената изградба на нов комплекс згради и деловни објекти на местото на поранешната фабрика Шик Јелак во Тетово ги алармираше екологистите. Од Здружението Еко Герила реагираат дека на градот не му треба нов станбен блок кога на жителите им недостасуваат елементарните услови за живот, а секоја зима се борат со аерозагадување. Велат дека Општината на нетранспарентен начин носи контроверзни одлуки.

Од Еко Герила бараат Обвинителството да отвори истрага и да биде замрзната постапката за урбанизација на блокот.

На местото на поранешен Шик Јелак според првичните информации предвидено е да бидат изградени повеќе висококатници за околу 8 000 жители, додека 80 000 м2 би биле наменети за деловни објекти.

Деталниот урбанистички план за Урбан блок 57 беше усвоен на последната седница на Советот на општина Тетово, откако двапати оваа точка беше одложувана.

Данијела Билбилоска