Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна поедноставувањето на процедурите за поставување фотонапонски централи

/

пред 1509 дена

Сподели преку :

Владата најави поедноставени процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти.

На денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за градење со кои се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати и на стопанските објекти со моќ до 40 киловати по поедноставени процедури.

Како што најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција во Владата, во текот на наредните денови измените на Законот ќе бидат доставени во Собранието.

Со новите измени за поставување фотоволтаици, инвеститорите ќе имаат задача само да ја известат матичната општина и да достават извод од централен регистар доколку се работи за фирма, или копија од лична карта ако се работи за физичко лице

Очекува на првата собраниска седница да бидат изгласани, потенцираше, во интерес на граѓаните и стапанството.