За поплавата во Ист Гејт Мол, раководството на трговскиот центар, вината ја лоцира во несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски.
Безбедносните камери од трговскиот центар, јасно покажуваат, како река вода доаѓа од булеварот, кој ниту има капацитет, ниту услови таа вода да ја апсорбира, и таа се прелева во енормно големи количини во подземните нивоа на центарот, пишува во соопштението од трговскиот центар, а во прилог испратени се и видео снимки.
Велат Ист Гејт Мол е изграден согласно одобрените услови за градба, утврдени со урбанистичко-планската документација и врз основа на добиените хидро-технички услови за проектирање на трговскиот центар,
Не е предвидено сценарио во кое атмосферската канализација на околните сообраќајници, вклучувајќи го овде и булеварот Александар Македонски, не се функционални.
Извршниот директор Игор Давков, вели дека во услови на елементарна непогода, ги презеле сите неопходни мерки за заштита на вработените и посетителите, без да се загрози нивното здравје и живот.
Вчера и денеска се исцрпува водата, и се санираат оштетувањата и се надева дека набрзо повторно продавниците ќе можат да работат нормално.
Пред два дена, кога Скопје беше зафатено од невреме со силен дожд, се поплавија гаражите на Ист Гејт, поради што трговскиот беше затворен.











