Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стапуваат на сила мерките за штедење во јавниот сектор

/

пред 1507 дена

Сподели преку :

Од денеска стапија на сила мерките за штедење во јавниот сектор, кои треба да ја намалта потрошувачката на струја за 15 насто, во споредба со истиот месец лани.

Мерките вклучуваат гасење на компјутерите и клима уредите, потоа гаснење на непотребното декоративно осветлување на фасадите, објектите и спомениците, а на неопходен минимум ќе биде осветлувањето на патиштата, булеварите и улиците. Во секоја установа ќе биде назначен раководител кој ќе треба да ја исполни бараната квота од 15 отсто помала потрошувачка на струја, и да поднесува месечен извештај.

Целта од 15 отсто во бројки изнесува нешто над 20 гигавати струја кои би се заштедиле. Од денеска стапува на сила и кризната состојба во енергетскиот сектор, и во снабдувањето со топлинска енергија на град Скопје. Кризната состојба ќе биде на сила до крајот на септември, а потоа ќе ја продолжува Собранието, до крајот на грејната сезона, односно до април идната година.

Со прогласувањето на кризната состојба, Владата ќе може да ја субвенционира работата на државата ЕСМ со пари од буџетот, како и непречено обезбедување на топлинска енегргија за скопјани.