Репрезентацијата на Италија го освои златниот медал на Европското првенство за одбојкарки до 19 години што се одржа во Скопје.
Италијанките до златото стигнаа откако во финалето по голема борба во пет сета успеаа да ја совладаат репрезентацијата на Србија.
Трофејот на најдобрите на шампионатот во Скопје им го додели Претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски.
ФОТО: Игор Паневски
































