Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

БЛИСКИ НЕПРИЈАТЕЛИ – недела, 25 декември 2022 – 22:15

/

пред 1382 дена

Сподели преку :

Родени и израснати во предградие полно со дрога, Дрис и Мануел беа како браќа. Но, тие двајца сепак тргнале по сосема поинакви патишта: Мануел станува дилер на дрога, додека Дрис целосно го отфрлил таквиот живот и станал полицаец. Кога пропаѓа најголемата зделка на Мануел во неговата дотогашна кариера, двајцата повторно се среќаваат и сфаќаат дека ќе си бидат потребни еден на друг за да преживеат, секој во својот свет. Помеѓу предавството и огорченоста и покрај нивната омраза, тие полека ја обновуваат својата стара врска врзана за единственото нешто што им е заедничко: длабоката поврзаност со местото на нивното детство.