Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Динамо му пресуди на Тухел, Челзи го отпушти менаџерот

/

пред 1492 дена

Сподели преку :

По вчерашниот пораз од загрепски Динамо во првото коло од Лигата на шампионите, раководството на Челзи му врачи отказ на менаџерот Томас Тухел.

“Во име на сите во клубот сакаме да изразиме благодарност на Тухел и неговиот стручен штаб. Томас со право зазема место во клупската историја откако ги освои трофеите во Лигата на шампионите, Супер купот и Светскиот клупски шампионат. На точно 100 дена од преземањето на клубот од страна на новите сопственици, веруваме дека е вистинско време за оваа транзиција. Екипата во моментов ќе ја водат тренери од кои се ангажирани во Челзи, а наскоро ќе го објавиме името на новиот менаџер”, се вели во соопштението на Челзи.

Германецот на чело на екипата дојде на 26 јануари 2021 година, а мечот со Динамо му беше јубилеен 100-ти на клупата на тимот од Стемфорд бриџ.

Тухел пред ангажманот во Челзи работеше во Аугсбург, Мајнц, Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен.