Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Литванците избегнаа елиминација, триумф на Шпанија за прво место

/

пред 1489 дена

Сподели преку :

На Европското првенство во кошарка денеска се играат последните натпревари од А и Б групата.

Во првиот дуел од А конкуренцијата, Шпанија ја совлада Турција со 72:69 и го обезбеди првото место додека селекцијата на Турција е сигурна за пласман во следната рунда, но за позицијата на табелата ќе ја чека разврската од дуелите Белгија – Бугарија и Грузија – Црна Гора.

Во Б групата, Литванија ја забележа втората последователна победа откако во последното коло славеше над Босна и Херцеговина со 87:70.

Со овој пораз селекцијата која славеше над европскиот првак Словенија сепак нема да го продолжи настапот на континенталното првенство.

До крајот на денешната програма во Б конкуренцијата играат уште Франција – Словенија и Германија – Унгарија.