Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанис прв стрелец на првенството, Везенков најдобар “скокач”

/

пред 1487 дена

Сподели преку :

По првиот круг од натпреварите на Европското првенство, Јанис Адетокумбо е лидер по бројот на постигнати поени по натпревар.

Грчкиот репрезентативец во просек постигнува по 29,5 поени додека на второто место е членот на селекцијата на Бугарија, Александар Везенков со 26,8 поени.

На третата позиција е Лука Дончиќ со просек од 26,6, а меѓу петте најефикасни во досегашниот тек од шампионатот се Лаури Марканен од Финска (24,8) и Џанан Муса од Босна и Херцеговина (21,4)

Прв меѓу “скокачите” е Везенков со просек од 12,2 скока веднаш зад него е Литванецот Јонас Валанчиунас со 11,4, а двоцифрен учинок има уште Александар Мамукелашвили од Грузија со 11 скока по натпревар.

Иако на турнирот одигра само три средби Чехот, Томас Саторански е лидер меѓу додавачите и тој во просек има 9 асистенции. Ди Бост од Бугарија бележи 8,4 додавања по натпревар додека на делба на третото место се Србинот, Василије Мициќ и Кендрик Пери од Црна Гора со 7,4 асистенции.

Во категоријата одземени топки водат Кендрик Пери и Французинот, Тери Трапе со просек од 2,2 а третата позиција со две “украдени” топки ја делат Никола Калиниќ (Србија), Свјатослав Михаљук (Украина), Костас Папаниколау (Грција) и Сасу Салин (Финска)

Најмногу загубени топки или 4,6 по натпревар има Лука Дончиќ, втор е Саторански со 3,7, а на делба на третата позиција со 3,4 се Мајлс есон (Велика Британија) и Едон Маџуни (Финска).

ФОТО: Игор Паневски