Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челзи за 10 години потрошил скоро две милијарди евра

/

пред 1489 дена

Сподели преку :

Во најновата анализа на Институтот за фудбалски истражувања се посочува дека дури 14 клуба во изминатава деценија на засилувања потрошиле преку милијарда евра.

Прв на листата е Челзи кој во последниве десет години на нови имиња во составот инвестирал сума од 1,8 милијарди евра, а веднаш зад клубот од Стемфорд бриџ со неколку милиони помалку се Барселона и Манчестер Сити. На четвртото место со 1,7 милијарди е Манчестер Јунајтед додека трет со милијарда и петстотини милиони е Јувентус.

Зад водечката петорка се наоѓа Пари Сен Жермен со 1,4 милијарди додека 200 милиони помалку има потрошено мадридски Реал, Меѓу првите десет со инвестиции од 1,1 милијарда евра се Ливерпул, Арсенал и Атлетико Мадрид додека со по некој милион повеќе од магичната граница се уште Тотенхем, Интер, Монако и Евертон.

Анализиран е и балансот на инвестирани и заработени пари од трансфери и најголем минус има Манчестер Сити чие негативно салдо изнесува 1,2 милијарди евра додека негативата на Манчестер Сити изнесува 902 милиони, а на третото место е Пари Сен Жермен со загуба од 868 милиони евра.

Негатива од преку половина милијарда во изминатава деценија имаат уште Барселона, Арсенал, Челзи, Вест Хем и Јувентус.

ФОТО: Игор Паневски