Денеска се комплетира 7. коло во Фудбалскиот шампионат на Македонија, а дербито се игра на стадионот во Чаир каде бранителот на трофејот Шкупи го пречекува Работнички.
Лидерот на табелата Струга е домаќин на Скопје, а Тиквеш ќе се соочи со Брегалница. Во последниот дуел од денешната програма во Прилеп, Победа за противник ја има Брегалница.
Во првиот натпревар од седмата рунда, вчера Силекс како гостин ја совлада Македонија ЃП со 1:0.
Сите натпревари почнуваат во 16 часот.
ФОТО: Игор Паневски











