Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Љубомир Јовески и Саво Климовски- предлози за уставни судии пред матичната собраниска комисија

/

пред 1501 дена

Сподели преку :

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Пред членовите на Комисијата треба да се најдат кандидатурите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од владејачките партии и предлогот на опозицијата – универзитетскиот професор Саво Климовски.

Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.

Во петокот, комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, која беше предложена од опозицијата.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.