Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови оставки меѓу градските директори- преку ФБ, функционерите од ВМРО-ДПМНЕ и откажуваат љубов на градоначалничката Данела Арсовска

/

пред 1500 дена

Сподели преку :

Директорите на Градски паркинг и на депонијата Дрисла, Бојан Христовски и Ѓоко Велковски поднесоа оставки од своите функции поради судирот со скопската градоначалничка Данела Арсовска.

И двајцата беа вршители на должност, а нивните оставки доаѓаат откако вчера беше соопштено разрешувањето на директорот на Водовод Златко Перински, а генералниот секретар на град Скопје си даде оставка исто преку фејсбук.

-Вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на Град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“. Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту, пак, има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата в.д. директор на ЈП Градски паркинг – Скопје, истакна Христовски.

Според директорот на Дрисла, Јане мицевски, клучен проблем било немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај, како што тврди, бројните обиди тоа да биде сменето.

-Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла, вели Мицевски.

Данела Арсовска тврди дека поради лоши резултати барала оставки од директорите или таа ќе ги разрешела