Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија ја елиминираше Грција и обезбеди пласман во полуфинале

/

пред 1483 дена

Сподели преку :

Домаќинот на завршницата на Европското првенство, Германија е вториот полуфиналист откако славеше над Грција со 107:96.

Клучен момент на натпреварот беше третиот период во кој Германците направија серија од 20:1 и не само што ја надополнија негативата туку создадоа предност која до крајот на мечот беше недостижна за противникот.

Во завршницата од натпреварот Грција се обидуваше да се врати во игра, но по исклучувањето на Јанис Адетокумбо, Германија стигна и до предност од 20 поени и сосема заслужено се пласираа во полуфиналето, а за настап во решавачкиот дуел за златото ќе се соочат со Шпанија.

Најефикасен во победничкиот тим со 26 поени беше Денис Шредер, Андреас Обст додаде 19 колку што постигна и Франц Вагнер.

На спротивната страна Адетокумбо имаше 31 поен, осум асистенции и седум скока додека Јанулис Ларенѕакис беше стрелец на 18 поени.