Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Учи ме мајко, карај ме“ и „Абер дојде Донке“ запеани во чест на Сариевски од Танец и пријателите

/

пред 1484 дена

Сподели преку :

Во Националната опера и балет вечер се одржува вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски.

Организаторот на концертот е Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје, во чест на легендата на македонската музика настапуваат пејачите Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски и хорот и оркестарот на „Танец“.

На репертоарот се најголемите македонски фолклорни бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други.

– Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го вгнезди своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика. Сариевски за време на своето шестдецениско уметничко творење зад себе остави над четиристотини трајни звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи, легат што вечно ќе потсетуваат на личноста, која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската народна песна кај нас и насекаде во светот, соопшти „Танец“.

Александар Сариевски е и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“.

Публиката веќе ужива во музичкиот омаж на Сариевски.