Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВО ЖИВО: Погребот на кралицата Елизабета Втора

/

пред 1494 дена

Сподели преку :

Церемонијата на погребот на кралицата во Лондон е почнат рано утрово. На наредниот линк е преносот во живо на YT каналот на Кралското семејство.

По линкот се вестите на Телма поврзани со церемонијата.

Граѓани, светски лидери и членовите на кралското семејство денеска се збогуваат со кралицата Елизабета Втора, која помина седум децении на британскиот трон. Стотици илјади одаваа почит на кралицата, а илјадници веќе стојат низ улиците на Лондон откако уште во текот на ноќта ги зазедоа своите позиции.

На Телма вечерва во 19:15 ЕКСКЛУЗИВНО-ПОСЛЕДНИТЕ БИТКИ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА Документарен филм со соговорници од нејзиното најблиско опкружување.

Што содржи протоколот за погребот на кралицата- од државни почести до приватно испраќање.

Смртта на британската кралица ги преоптерети фабриките за знамиња во Кина- илјадници британски „Union Jack“ се шијат во Шаоксинг.

Поради големите нарачки, околу 100 работнички се принудени да работат по 14 часа дневно, а покрај машините се од 7:30 наутро. Во првата недела по смртта на кралицата, до 15-ти септември успеале да направат околу половина милион британски знамиња.

Ковчегот со телото ќе биде пренесен во Капелата Сент Џорџ во Виндзор каде Опелото ќе започне во 16 часот по локално време, а таму ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството.

(ВИДЕО) Едноминутно молчење во спомен на Кралицата Елизабета Втора

Приказна за британската кралска круна и тежината на моќта. Кралицата иронично има кажано дека ако погледнете надолу додека ја носите круната може да ви се скине вратот. Поради големата тежина таа престана да ја носи круната кога наполни 90 години.