Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Училиштата да не плаќаат индустриска струја, туку да се тарифираат како домаќинства предлагаат градоначалниците

/

пред 1487 дена

Сподели преку :

Училишатата и општините на мака со високите сметки за струја. Градоначалниците од полошкиот регион за да се справат со енергетската криза но и со неколкукратно зголемените сметки за струја денеска побараа он лајн настава за учениците во основните и средни училишта,  или зимскиот распуст да трае два месеца.

Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов вели Сметките за струја и нафта во грејната сезона ќе ги блокираат сметките на училиштата. Бидејќи цените постојано одат нагоре реално е трошоците да ја надминат и висината на блок дотациите што општините ги добиваат од Министерството за образование. Според него поради ова  може и наставниците да бидат  оставени и  без плата. Иницијативата е  училиштата, но и комуналните претпријатија да плаќаат струја како домаќинствата и градинките.  Предлозите се доставени од страна на ЗЕЛС до Министерството за финансии и Влада, но засега немаат одговор.

Од Министерството за образование и наука за Телма велат дека нивниот  ставот  е   училиштата  да бидат постојано отворени за време на учебната година и наставата да се организира со физичко присуство, бидејќи тоа е од најдобар интерес на учениците.

  • Сепак, МОН ќе ја следи состојбата и во меѓувреме ќе се разгледуваат сите пристигнати иницијативи и за било какви нови одлуки, јавноста навремено ќе биде известена, се вели во одговорот на МОН доставен до Телма.

Од министерството посочуваат дека во моментов важат препорките и мерките за штедење на струјата, кои неодамна ги објави Владата.

Викторија Јованова