Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиера на „ Шопинг анд факинг“ во Турскиот театар

/

пред 1470 дена

Сподели преку :

Ансамблот на Турскиот театар вечерва ќе ја одигра премиерата на претставата „Шопинг енд факинг“, по текст на Марк Рејвенхил, а во режија на Шенај Мандак. На Мандак ова му е дипломска претстава, а ќе биде изведена во 20 часот во Театарот Комедија.
–  Денешната цивилизација е добредојде за следните генерации, принудувајќи ги да прифатат одредена нормала, која таа ја обезбедува како погодна околност на постоењето. Но кога во таа навидум функционална и просперитетна нормала сведочевме на огромни катастрофи во изминативе години, сакавме да поверуваме дека можеби војната, болеста, социјалното ропство, консумеризмот, емотивниот и моралниот пад…можеби тие ќе бидат причина да се свртиме кон себе и да размислиме што правиме погрешно – стои во соопштението за претставата.

Во претставата учествуваат: Метин Ибрахим, Стефанија Начевска, Селпин Керим, Ебру Мусли, Хакан Даци.