Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жешките политички теми се главен мотив за говор на омраза во нашето поделено општество, нотираат експертите

/

пред 1466 дена

Сподели преку :

„Францускиот предлог“ од Европската унија дополнително го подели веќе поделеното општество по разни основи, а сега има дури и експлозија на говор на омраза и дискриминаторски говор, но и повици за насилство. Потпалувачкиот наратив стана секојдневие, а особено зема замав во моменти кога жешки политички теми се на дневен ред во Собранието. Ова го нотира Институтот за медиуми и аналитика во својата најнова публикација.

„Во нашата земја за жал, многу ми е жал што морам тоа да го кажам, имаме една редовна состојба на активен вулкан кога станува збор за говорот на омраза. И тој вулкан, тој говор на омраза секогаш еруптира и прави многу силни експлозии кога на дневен ред во Собрание ќе дојде дебата за теми кои наместо да го обединат и да го хомогенизираат општеството околу крајните интереси на нашата држава и на народите коишто живеат овде, тие предизвикуваат поларизација и дополнителни делби во општеството“ изјави Зоран Бојаровски од Институтот за медиуми и аналитика. 

Големи дилеми се отвораат околу институционалниот одговор на говорот на омраза. Прашањето: како е уредена оваа проблематика само по себе повлекува прашања околу тоа како се казнуваат навредите и повиците за насилство.

Експертската јавност и невладиниот сектор притискаат за законски измени и новитети очекуваат во блиска иднина.

„Постои голема конфузија во однос на тоа како институционално се третира говорот на омраза и ние ќе настојуваме да ја расчистиме таа конфузија со отворање на една јавна дебата каде што ќе бидат поканети и експерти и невладини организации коишто се многу заинтересирани говорот на омраза да се гони и кривично“ изјави Жарко Трајановски од Институтот за медиуми и аналитика. 

Вкупната полициска статистика за периодот од јануари 2018 година до ноември 2021 година покажува дека МВР има евидентирано вкупно 137 кривични дела кои содржат елементи на омраза, а по кои кривично се пријавени 163 сторители.

„Од вкупно регистрираните, најбројни се кривичните дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, потоа „загрозување на сигурноста“, како и кривични дела „предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. Во помал број се застапени делата „насилство“, „расна и друга дискриминација“, „повреда на рамноправноста на граѓаните“ и „оштетување на туѓи предмети“ велат од Министерството за внатрешни работи. 

Како главен мотив на пријавениот говор на омраза, од МВР истакнуваат дека е политичката припадност или уверување, националноста, етничкото потекло, религијата, сексуалната ориентација и полот.

Петар Догов