Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ХЕЛЕН МИРЕН: ДРСКАТА КРАЛСКА АКТЕРКА – сабота, 25 октомври 2025 – 17:10

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Не само што е театарска икона, туку и ѕвезда на телевизијата и филмот, англиската актерка Хелен Мирен со својата блескава кариера го воодушевува светот уште од 1960-тите години. Таа е единствената актерка која ја има освоено т.н. „тројна круна на глумата“. Таа е актерка која не може да се стави во рамка — повеќеслојна, талентирана, но и силна и изразито феминистичка жена.

Многумина ја сметаат за најголемата жива актерка. Често е поврзувана со улоги на моќни личности во филмови како „Кралицата“, а истовремено е и силен феминистички активист. Веќе речиси 60 години, преку улогите што ги избира и преку своето однесување зад сцената, таа се залага за еманципација на жените и постојано се бори против сексизмот.