Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТИБЕТАНСКО ЕЛДОРАДО -недела, 12 април 2026- 17:05

/

пред 178 дена

Сподели преку :

Неверојатната приказна за малата гасеница што вреди повеќе од злато!

Полу-животно, полу-растение, Cordyceps Sinensis е уникатна комбинација од гасеница и дивa габа што расте на 4.000 метри надморска височина, на високите тибетски платоа. Позната по своите стимулирачки ефекти врз имунолошкиот систем, оваа габа е најскапоцената во традиционалната кинеска медицина.

Тибетскиот кордицепс, познат и како „вијагра на Хималаите“, стана извор на приход не само за номадските заедници, туку и за мрежа трговци што од него заработуваат повеќе отколку од женшенот.

Во последните неколку години, оваа мала „растителна гасеница“ ја промени економијата на Тибет и традицијата на нејзиното собирање. Нејзината трговија денес претставува 50% од тибетската рурална економија.

Тибет стана новиот Ел Дорадо, и од високите хималајски платоа до најголемите фармацевтски компании во Хонг Конг и снабдувачите на лекови од Југоисточна Азија, трговците брзаат да го освојат пазарот. Со цена од околу 25.000 евра за килограм, кордицепсот денес вреди повеќе од златото!

https://www.zed.fr/en/catalog/tibetan-el-dorado-52-hd/screening_room/62