Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис Објектив“: Какви се очекувањата за цените на становите во наредниот период?

/

пред 201 дена

Сподели преку :

За купување станови минатата година граѓаните во Македонија платиле вкупна сума од 545 милиони евра, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности. Скопските општини Центар и Аеродром се најатрктивни. Па така, лани за купување станови во Центар граѓаните платиле вкупно 92 милиони евра. Купени се 756 стана со вкупна површина од 57.316 квадратни метри. Тоа значи дека просечната цена на квадратен метар изнесувала околу 1.600 евра. Во Аеродром пак уплатени се 80 милиони евра за купување на 978 стана со вкупна површина од 65.655 квадратни метри. Тоа значи дека просечната цена на квадратен метар изнесувала околу 1.200 евра. Анализираме какви се просечните цени на становите и во другите поголеми општини во државата, но и какви се очекувањата за движењето на цените во наредниот период.