Црвена линија с4.е81, денеска во 16:15 (03 Јануари ’24)
Од ЕВН пристигна честитката за нова година.
Струја ќе плаќате или поскапо или поевтино, ама ќе дознаете кога ќе ви дојде сметката.
Поевтинува првиот, вториот останува ист, а поскапуваат третиот и четвртиот блок. Се намалува мрежарината, ама се додава пристап на мрежата.
Успеавте ли да откриете дали ќе плаќате струја помалку или повеќе?
Анкета: Дали ви се допадна честитката од ЕВН? ДА/НЕ