Утре се одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ден што треба да биде симбол на почит, достоинство и заштита на работниците, но и повод да прашаме колку тие навистина се ценети, платени и заштитени. И овој 1 Мај, работниците и Сојузот на синдикати на Македонија ќе излезат на протест поради ниската минимална плата и недостигот од суштински решенија. 1 Мај треба да биде ден на свесност и дијалог за подобри услови за работа, безбедност и фер плати. Дали работникот во Македонија навистина е заштитен и вреднуван како што заслужува?
АНКЕТА: Дали треба да се врати 2 Мај како државен празник? – Да / Не