Македонците заминуваат на сезонска работа, додека домашните компании сè почесто увезуваат работници од Азија за да ги пополнат испразнетите работни места.
Меѓу 10 и 15 илјади Македонци годишно работат во Хрватска, а во исто време се издадени 305 работни дозволи и речиси 3.000 мислења за вработување странци, најмногу од Бангладеш, Непал, Индија и Турција.
Трендот отвора прашање дали Македонија се соочува со хроничен недостиг на работна сила и какви ќе бидат последиците за економијата.
АНКЕТА: Дали странските работници се решение за недостигот на кадар? Да/Не