Последните измени на изборниот законик го зголемуваат прагот за учество на изборите. Наместо досегашните 1 000 потписи, сега ќе бидат потребни еден отсто од запишаните избирачи во изборната единица. Законот на мала врата беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, а останатите го премолчеа.
„Подмолно“, „подметнато како тројански коњ“, „удар врз демократијата“ – реагираат независните советници.
Дали со овие измени големите партии сакаат да ги исфрлат од игра независните кандидати?
Анкета: Дали 1.000 потписи се доволни за независна кандидатура?