Студираат на универзитетите во земјава, а бараат работа во странство. По завршување на студиите голем број студенти ќе заминат бидејќи во родното место немаат можност да градат кариера. Компаниите се жалат дека тешко наоѓаат работници, а како главна причина се наведува одливот на висококвалификувана работна сила. И странските компании во земјава ја наведуваат истата причина за намалување на планираните инвестиции.
Во државата има 7 државни и 20 приватни универзитети, а сè помалку студенти. Но, не само младите високообразовани кадри сакаат да ја напуштат државата. Анкетите велат секој трет млад човек сака да ја напушти државата.
Како да се создадат услови кои на младите ќе им обезбедат услови за безгрижен живот и развој?