16-ти октомври е светскиот ден на храната, наречен и ден на борба против гладот. Денеска ќе биде одбележан под мотото „Право на храна за подобар живот и подобра иднина: Никој да не биде изоставен“, но во светот 11 % или 800 милиони луѓе, се изоставени и гладни. Кај нас околу 70.000 луѓе имаат само два до три оброка неделно. Најголем број од овие се деца.
Истовремено, огромни количини на храна се фрлаат заради поминат рок или како остатоци?