Поговорката „Добар глас надалеку се слуша, а лошиот уште подалеку“ очигледно не ја чул градоначалникот на Лерин. Замолкнатиот глас на божиќниот концерт во Лерин не се слушна само низ улиците на градот – но тој одекна далеку, низ целиот свет.
Она што требаше да биде празник, музика и заедништво, се претвори во инцидент. Концерт беше прекинат не поради навреди, не поради омраза, туку поради јазикот на кој се пееше.
Овој настан неминовно нè враќа во историјата, во времињата кога Македонците во Грција не смееја да зборуваат македонски ниту дома, а камо ли јавно да пеат. Денес, во Европа што гласно зборува за човекови права и слободи, повторно сведочиме – иста песна, само музика.
И по Преспанскиот договор, кој требаше да донесе ново време и нова доверба, се наметнува истото прашање: Дали навистина нешто се смени? Или старите стравови и забрани само добија нова форма?
АНКЕТА: Каква порака испраќа ЕУ со молкот?
а) Баш им е гајле
б) Имаат други проблеми