Грипот забрзано се шири низ државата, а бројот на заболени во првата недела од 2026 година е двојно зголемен. Болниците се со речиси исполнети капацитети, а здравствените власти најавуваат дека пикот допрва доаѓа. Државата годинава набави рекордни 80.000 дози четиривалентна вакцина против сезонски грип, а пријавувањето е отворено – преку платформата vakcinacijа.mk или кај матичните лекари. Вакцинацијата е бесплатна за ризичните категории, но дилемата останува: дали вакцината треба да биде само препорачана или неопходна за сите граѓани?
Историски најмногу вакцини против грип, а истовремено расте бројот на заболениа, а болниците се на работ од своите капацитети. Дали вакцинацијата е доволно искористена? Кој треба, а кој мора да се вакцинира? Грипот не чека – што чекаме ние?
АНКЕТА: Дали вакцинацијата треба да биде задолжителна и бесплатна?