Над постојното поткровје е изграден спрат без одобрение, а врз него „чудесно“ никнува уште една дивоградба. Инспекцискиот надзор утврдил – објектот не е евидентиран ниту во општинската документација, ниту во Катастарот. Законот дозволува дивоградбата да се урне веднаш, дури и ако е поднесена жалба. Но, во пракса тоа ретко се случува. Инспекторите чекаат завршување на сите управни и судски постапки, поради ризикот од високо обештетување. „Страв лозје чува“ очигледно функционира и остава дивоградби да стојат со години.
Дали стравот од судски одлуки ја парализира инспекцијата?
Дали сме правна или држава на дивоградби?
АНКЕТА: Дали објект без евиденција во Катастар треба автоматски да се отстрани? Да/Не