Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с6. е.077 денеска во 16:15 (11 фев.’26)

/

пред 234 дена

Сподели преку :

Индексот за перцепција на корупцијата за 2025 година испраќа силна и вознемирувачка порака: светот назадува во борбата против корупцијата. Демократските механизми слабеат, институциите еродираат, а довербата на граѓаните се топи.
Регионот бележи драматичен пад – Србија со најлош резултат во последните две децении, Босна и Херцеговина и Албанија назадуваат, Косово паѓа на листата, а единствено Црна Гора бележи релативен исчекор.
Ние, со 40 поени, не се мрднавме ниту чекор напред. Иако формално се искачивме четири позиции, суштински напредок нема. Стагнација во правосудството, контроверзни законски измени, скандали во антикорупциските институции и сè погласни политички обвинувања.
Дали светот влегува во ера на нормализирана корупција?
Дали демократијата ја губи битката со коруптивните мрежи?
Дали напредуваме – само затоа што другите назадуваат?
Имаме ли капацитет сами да се избориме со системските слабости?
АНКЕТА: Дали политичката волја е главната пречка за вистински реформи?
ДА / НЕ