По повод 18 март, глобалниот ден за рециклирање, се отвора прашањето колку навистина ја штитиме животната средина во секојдневието. Иако децата на училиште учат за екологија и одржлив развој, дома често гледаат спротивни навики. Дали еколошката едукација останува само на хартија и дали родителите ја бришат таа лекција? Време ли е децата да ги учат возрасните или и понатаму ќе го туркаме ѓубрето „под тепих“?
АНКЕТА: Зошто не рециклираме:
а) Не знаеме;
б) Не сакаме или
в) Нема казни?