Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с6. е.121 денеска во 16:15 (17 април ’26)

/

пред 169 дена

Сподели преку :

Во пресрет на Велигден дел од најранливите граѓани во државата добија решенија за кратење на основна поддршка – намалување на часовите за лична асистенција – од максимални 80, на само 20 до 30 часа месечно. Ова не е само административна одлука. Ова е директно влијание врз секојдневниот живот: помалку движење, помалку независност, помалку достоинство. А, бројките се јасни. Еден личен асистент се плаќа околу 331 денар по час. Тоа значи дека за едно лице месечно се одвојувале околу 26 илјади денари. Со новите решенија – таа сума паѓа на околу 8 илјади. Разликата? Околу 18 илјади денари месечно по човек. Ако ова се примени на илјадници корисници, државата може да „заштеди“ неколку милиони евра годишно.
Дали токму овие пари недостигаат во буџетот?
Ако постојат злоупотреби или неправилности во системот на лична асистенција – дали решението е да се намалат услугите за сите?
АНКЕТА: Дали личната асистенција треба да биде загарантирано право? Да / Не